Жеровјане

село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia

Жеровјанеmap
Remove ads

Жеровјане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Македонија, во областа Долни Полог, оддалечено 13 километри од градот Тетово.

Историја

Според пописот на бугарскиот етнограф Васил К’нчов од 1900 година, во селото Жаровјани забележани се 60 христијани (Македонци).

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

По Балканските војни е забележано со 65 жители.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[3]

На пописот од 2002 година, селото имало 914 жители, од кои 3 Македонци, 907 Албанци и 4 Турци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 891 жител, од кои 881 Албанец и 10 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Жеровјане е денес предоминантно албанско село. А порано во селото имало и Турци и Македонци.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Турски

  • Азнетар (2 к.) доселени се од Анадолија. Во Жеровјане се доселиле преку Тетово. Они се најстари муслимани во селото. Доселени се во крајот на XIX век.
  • Коџа Бег (2 к.) доселени се од Турција. Поради брачни врски со Албанците почнале да зборуваат и албански.
  • Леко (1 к.) доселени се од селото Врапчиште. Таму припаѓале на големиот род Леко, иако зборуваат турски, и се изјаснуваат за Турци. Нивното потекло е од Љума во северна Албанија.

Албански

  • Маџар (4 к.) доселени се од селото Горјане. Подалечно потекло од Љума во северна Албанија.
  • Муртезан (3 к.) доселени се од селото Церово.
  • Дерала (1 к.) доселени се од селото Градец. Таму имаат истоимени роднини.
  • Рамалар (1 к.) доселени се од селото Горјане.
  • Река (1 к.) доселени се од селото Раковец.
  • Љок (1 к.) доселени се од селото Чегране.
  • Суфе (3 к.) доселени се од селото Теново.
  • Ндрече (2 к.) доселени се од селото Градец.
  • Пелелеси (1 к.) доселени се од селото Чегране.
  • Матњан (1 к.) доселени се од селото Форино.
  • Бодин (1 к.) доселени се од селото Ломница.
  • Зибер (1 к.) доселени се од селото Градец.
  • Хосе (7 к.) доселени се од селото Ново Село.
  • Дервиш или Јусуф (4 к.) доселени се од селото Рогле.
  • Беќир (1 к.) доселени се од селото Групчин.
  • Идризи (1 к.) доселени се од селото Бојане.
  • Емрула (1 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник во Косово.
  • Зиза или Ибиш (3 к.) доселени се од селото Боговиње.
  • Бакиалар (1 к.) доселени се од селото Добри Дол.

Македонски

  • Аврам Станкоски (1 к.) Аврам се доселил со семејството во 1912 година од селото Јабланица кај Струга. Таму припаѓал на родот Лековци. Од Жеровјане имале иселеници во Скопје.[7]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2058 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 669 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads