Рак на простата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рак на простата
Remove ads

Рак на простата (латински: Carcinoma prostatae) - злоќудно заболување на простатата, жлезда кај машкиот репродуктивен систем.[6] Повеќето канцери на простатата се спорорастечки; сепак, во некои случаи можат да растат релативно брзо.[1][3] Канцер-клетките може да се прошират од простатата во други делови од организмот, особено во коските и лимфните јазли.[7] Првично може да нема симптоми.[1] Во подоцните стадиуми, може да доведе до тешкотии во мокрењето, крв во урината или болка во карлицата, грбот, или при мокрење.[2] Слични симптоми покажува и бенигна хиперплазија на простатата.[1] Други симптоми во подоцните стадиуми се чувство на замор поради ниското ниво на црвени крвни клетки.[1]

    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Кратки факти Рак на простата, Синоними ...

Фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на рак на простатата се возраста, семејна историја на болеста, и расата.[3] Околу 99% од случаите се појавуваат кај мажи над 50 години.[3] Ако роднина од прво колено боледувал од рак на простатата ризикот за појава се зголемува за два до трипати.[3] Во САД, почеста е појавата кај афроамериканското население во споредба со белото население.[3] Други фактори за појава вклучуваат исхрана богата со процесирано месо, црвено месо или млечни производи или исхрана сиромашна со одредени видови на зеленчук.[3] Откриена е поврзаност на гонорејата со зголемен ризик за појава на рак на простатата, но причината за оваа поврзаност не е идентификувана.[8] Зголемен ризик е исто така поврзан со BRCA-мутациите.[9] Карциномот на простата се дијагностицира со биопсија.[2] Потоа може да се изведе медицинско снимање со цел да се утврди дали канцерот се проширил во други делови од организмот.[2]

Remove ads

Фактори на ризик

Ракот на простатата е најчестото злоќудно заболување кај мажите во развиените земји и претставува најголем здравствен проблем кај мажите во втората и во третата животна доба. Оваа болест е најчеста кај мажите на возраст над 70 години, а многу ретко се јавува на возраст под 40 години.
Најчести фактори на ризик за појава на оваа болест се: начинот на исхрана, режимот на живот, пушење, стрес, пиење алкохол, како и наследните фактори. Ако роднина од прво колено (татко или брат) боледувал од рак на простатата, ризикот за појава на оваа болест кај останатите машки членови на семејството се зголемува за двапати.

Remove ads

Дијагностика и терапија

За рано откривање на ракот на простатата се препорачуваат редовни годишни уролошки прегледи со ултразвук и анализа на присуството на специфичниот антиген во крвта - PSA (Prostate-specific antigen).
Лекувањето на ракот на простатата вклучува оперативен зафат, придружен со радиотерапија или хемотерапија, како и примена на одредени лекови.[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads