Ратко Серафимовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ратко Ѓорев Серафимовски ( 1925 во Страцин — 16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
По завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното село останал да живее и работи на својата сиромашна земја, чувајќи и стока. Во своето родно место бил познат како добар, напреден младинец. Со голема огорченост ја дочекал окупацијата на Македонија. Уште од првите денови на НОВ, станал нејзин симпатизер и активно се занимавал со собирање оружје, облека, храна и друг материјал за борците. Бугарската полиција го следела, затворала, сослушувала, малтретирала и нивната куќа била често претресувана, но без успех. По ослободувањето на овој крај, стапил во единиците на НОВ во Треттатa МНОУБ, земал учество во многу борби во Македонија, а подоцна и на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, загинал на Сремскиот фронт, борејќи се за конечното ослободување на Југославија.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads