Страцин
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Страцин — село во Општина Кратово, во областа Средорек, во околината на градот Кратово.
- За селото во Бургаската област, погл. Страцин (Бугарија).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Средорек, во крајниот североисточен дел на Општина Кратово. Еден дел од населбата се наоѓа на патото Куманово - Кратово. Селото е ридско и планинско, односно раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 900 метри. Оддалечено е 19 километри северозападно од Кратово, 28 километри западно од Крива Паланка и 31 километар источно од Куманово.
Историја
Страцин е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште кај маалото Поповци.[2]
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страцин живееле 950 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Страцин имало 1.000 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Страцин живеат 185 жители, од кои 182 Македонци и 3 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 125 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Страцин во 1970-тите години доживува драстично намалување на населението, така што за разлика од пописот во 1971, во наредната 1981, регистрирани се за 53 % од населението помалку или разлика за 561 жител.
Remove ads
Општествени установи


Во селото се наоѓа Основното училишта „Христијан Тодоровски - Карпош“. Порано во селото, било во функција друго oсновно училиште. Потоа училиште било затворено.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости

- Споменици
Во декември 1997 година, во селото бил подигнат споменик за загинатите борци на НОБ од периодот 1941-1945 година односно за време на Втората светска војна, каде се наведени сите партизани што се по потекло од Страцин и градот Куманово, Кумановско и Кривопаланечко.
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ од 1847 г.
- Археолошки наоѓалишта[2]
Remove ads
Редовни настани
Личности


Личности родени во Страцин:
- Спирко Бојковски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
- Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан на 11 септември 1943 година.[12]
- Стојчо Ивановски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Јованов (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Љубе Крстев (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ратко Серафимовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Личности загинати во Страцин:
- Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
- Богдан Димитров Трајановски — роден 1889 година во Страцин, стрелан од Бугарите 11 септември 1943 година.[12]
- Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
- Ѓошо Цветанов (Цветков) — роден 1900 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
- Воја Алексовски од Куманово
- Киро Антевски од Куманово
- Петар Василевски од Куманово
- Јордан Карамарковски од Куманово
- Александар Маневски од Куманово
- Војо Алексиќ од Куманово
- Воислав Стојановски од Куманово
- Благоја Трендевски од Куманово
- Воислав Митровски од Куманово
- Будимир Димковски од Куманово
- Градимир Филиповиќ од Куманово
- Драгољуб Филиповиќ од Куманово
- Трајан Нашевски од Куманово
- Славко Филиповски од Челопек, Кумановско
- Војо Алексиќ од Никуљане, Кумановско
- Раде Антиќ од Никуљане, Кумановско
- Милан Арсовски од Стрновац, Кумановско
- Геле Божиновски од Младо Нагоричане, Кумановско
- Славко Вељковиќ од Младо Нагоричане, Кумановско
- Трајко Додевски од Бедиње, Кумановско
- Ѓорѓи Додевски од К’шање, Кумановско
- Ефрем Георгиевиќ од Четирце, Кумановско
- Денко Каранфиловски од Дренок, Кумановско
- Цветко Лазаревски од Стрезовце, Кумановско
- Благоја Петковски од Пелинце, Кумановско
- Милорад Петровиќ од Бедиње, Кумановско
- Владо Додевски од Пелинце, Кумановско
- Андон Стојчевски од Црцорија, Кривопаланечко
- Стојман Пешевски од Габер, Кривопаланечко
Remove ads
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
- Страцин (Бугарија)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads