Рашела Мизрахи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рашела Мизрахи
Remove ads

Рашела Мизрахи (24 ноември 1981 во Скопје) — македонска политичарка, министер за труд и социјална политика во преодната влада на Оливер Спасовски, формирана за спроведување на предвремените парламентарни избори во 2020 година.[1] Мизрахи била избрана за министер на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.[2] Таа е првата Еврејка во Македонија на министерска функција.[3] Мизрахи е биохемичар и ветеринар.

Кратки факти Рашела Мизрахи, Министерка за труд и социјална политика ...

Мизрахи го привлекла вниманието на јавноста откако одржувала прес-конференции пред табла на министерството со претходното име на државата: Република Македонија наместо Република Северна Македонија. Грција реагирала со нота за непочитување на Договорот од Преспа.[4] На предлог на Спасовски, Мизрахи била разрешена по долга расправа во Собранието за кршење на Уставот.[5] Таа била министер еден месец и 12 дена.

Remove ads

Семејно минато

Семејниот род Мизрахи е забележан, во списокот на депортираните Евреи, во логорот Треблинка, од страна на Бугарските фашисти во 1943.

Само еден член на семејството се спасил, бидејќи веќе бил приклучен на партизанските единици, па така ја избегнал депортацијата.[6][7][8]

Повеќе информации Членови на семејството Мизрахи, кое броело 85 члена пред депортацијата: ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads