Рајна-Мајна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рајна-Мајнаmap
Remove ads

Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна (германски: Frankfurt/Rhein-Main, скратено FRM) — втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5,8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.

Кратки факти Метрополитенски регионФранкфурт/Рајна-Мајна Metropolregion Frankfurt/Rhein-Main, Држава ...

Полицентричниот регион е именуван по неговиот средиштен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.

Remove ads

Поделби

Рајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) — дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.

Метрополитенска област/Метрополитенски регион

Повеќе информации Хиерархија на планските тела, Поголеми градови ...

Поголеми урбани зони

Евростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.

Повеќе информации Поголеми урбани зони, Поголеми градови ...
Remove ads

Градови и окрузи

Повеќе информации Град или округ, Површина ...
Thumb
Франкфурт е најважниот град во областа Рајна-Мајна
Thumb
Рајнгау
Thumb
Стариот град на Мајнц
Thumb
Замок Јоханисбург во Ашафенбург
Thumb
Германска куќа на Голдсмит (German: Deutsches Goldschmiedehaus) во Ханау (старата градска куќа)
Thumb
Рајнски Хесен
Remove ads

Сообраќај

Растот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.

Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.

Образование

Метрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц (Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг), првично основан во 1477 година. Други универзитети се:

  • Технолошки универзитет Дармштат,
  • Универзитет Франкфурт на Мајна-Јохан Волфганг Гете,
  • Франкфуртска школа за финансии&менаџмент и
  • Европска бизнис школа меѓународен универзитет Шлос Рајхартсхаузен.

Познати високи школи и универзитети за применети науки (Fachhochschulen) се:

  • Универзитет за применети науки Дармштат,
  • Универзитет за применети науки Франкфурт,
  • Универзитет за музика и изведувачки уметности Франкфурт и
  • Штеделшуле.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads