Резна
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Резна или Резни (грчки: Ανθούσα, Антуса; до 1928 г. Ρέζνα, Резна[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 15 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи југозападно од Лапчишта и североисточно од Жупан.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Пред потурчувањето селото имало две цркви — „Св. Никола“, подоцна претворена во теќе, и „Св. Тома“ во западниот дел. Во источниот дел на селото се гробиштата, и тука е параклисот „Св. Тома“.[4]
На крајот од XIX век е забележано дека Резна било село во Населичката каза со мешана вероисповед. Храмот „Св. Тома“ е од 1841 г.[5] Според грчка статистика од 1904 г. во Резна (Ρέζνη, Резни) живееле 150 гркојазични Грци-христијани и 150 Валахади (Грци-муслимани).[6] Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Резна е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 390 жители, а во 1920 г. имало 380.[3] Муслиманското население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место во 1920-тите се доселени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. селото имало 241 жител,[3] од кои 130 лица (35 семејства) биле дојденци.[7] Истата 1928 г. името на селото е сменето во Антуса, што значи „процутно“.
Во 1940 г. населението достигнало 315 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[3]
Во 1923 г. на местото на стариот манастир „Св. Илија“ е изграден мал храм со истото име (Αί-Λιά). Оваа црквичка е уништена во Грчката граѓанска војна и обновена во 1968 г.[8]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads