Реч

поранешно реканско село на територијата на денешна Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia

Речmap
Remove ads

Реч — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Горна Река, во подножјето на Кораб по горното течение на Радика, меѓу остатоците на селата Штировица и Стрезимир.

Историја

Во XIX век Реч е заведено како мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Реч се води како село со 30 домаќинства, чии жители се 93 православни „Албанци“.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 150 жители „Арнаутихристијани и 140 „Арнаути“ муслимани.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рече (Река) се води како чисто „албанско“ село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 28 куќи.[4]

Според цариградскиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. Реч имал 12 „српски“ куќи[5], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Реч (Retch) се состоело од 72 „Албанци“.[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads