Рибничка Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рибничка Рекаmap
Remove ads

Рибничка Река, се среќава и како Рибница или Брек[1]река во Западна Македонија и најголема десна притока на Радика.

Кратки факти Рибничка Река Рибница, Брек, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката настанува од повеќе извори на планината Кораб, во околината на врвот Бачилски Камен и пределите Горни и Долни Чардак, источно од превалецот Шкртец, на надморска височина од околу 1.920 м, од каде потоа продолжува со спојување на Извирскиот, Бабиниот (Прој и бабес) поток во долот над селото Тануше. Веднаш под селото, реката ги прима првите притоки, и тоа Завојски Поток од десната и Грекајска Река од левата страна, во непосредна близина на селото Грекај, на надморска височина од 1.018 м, од каде започнува главниот тек и воедно и го добива името Рибница. Тече непосредно под селото Рибница по коеи го добила името, по што прима уште две притоки, и тоа Рагалеч од десната и Длабока Река од левата страна, а потоа станува полноводна сè до својата утока во Радика.

Remove ads

Хидрографија

Вкупната должина на реката изнесува 12,7 км, а вкупната површина на нејзиното сливно подрачје изнесува 96,12 км2.[2][3]

Риба

Во долното течение, реката е богата и со речна пастрмка заради што често е посетувана од спортски рибловци во летниот период.

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads