Рибница
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рибница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото Рибница потекнува од македонскиот јазик и има значење на место со многу риба, односно река каде што има риби или река богата со риби. Настанало од хидронимската придавка Рибна (=река) + додавката -ица или од именката Рибник и додавката -ица.[2]
Во овој облик името на селото се користело и од околното албанско население, кое во поново време се обидува да го видоизмени изговарајќи и употребувајќи го името Римница (Rimnicё).
Remove ads
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во високиот западен дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика.[3] Сместено е на стрмна падина со јужен наклон, на планината Кораб, веднаш под врвот Рибничка Скала, од десната страна на Рибничка Река. Рибница е планинско село, расположено на надморска височина од 1.110 метри.[3]
Местоположбата на селото дополнително се определува на левата страна на Танушка Река, сместено на една тераса од шкрилци, под која има стрмни варовнички отсеци кон реката кои продолжуваат над селото.[4]
Во селото постојат изворите: Рединец, Михавец и Извор.[4]
Опкружено е со густа букова и борова шума, а исто така и со брези, дабови и ореови дрвја, јаболкници и дренки.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Рибница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Статистическо описание на Дебрска река“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 јануари 1859 година за селото Рибница запишал дека имало две улици со 70 куќи, христијани и муслимани.[5]
На почетокот на XX век, во периодот околу 1912 година, селото имало православна црква и се делело на 6 маала: Касма, Халире, Ковач, Будала, Штутка и Џамија.[4]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6]
За време на воениот конфликт во Македонија, на 16 јуни 2001 во реонот на селото Рибница на падините на Кораб се појавила мала група на албански терористи која веднаш уште истиот ден била разбиена од единиците на Вториот армиски корпус на АРМ и протерана во Албанија.[7]
Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 27,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.010 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 893 хектари, додека на обработливите површини отпаѓа само 21 хектар.[3]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[3]
Најзастапена гранка од сточарството е одгледувањето на овци, чии бројни стада летуваат и се напасуваат во неколкуте бачила и пасишта близу и во околината селото. Во голема мерка е застапено и шумарството, односно сечата на дрва за огрев, поради застапеноста на квалитетен дрвен материјал како што е буката, а дел од него се користи и за изработка на мебел и потреби на градежништвото.
Remove ads
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рибница било село со 40 домаќинства и 107 жители.[8]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибница живееле 320 жители, сите Албанци, од кои 120 христијани и 200 муслимани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рибница имало 108 жители.[10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рибница се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 78 куќи.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[12]
Рибница е мало село, коешто во 1961 година броело 216 жители, од кои 172 биле Албанци, 25 Македонци и 10 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 60 жители, сите Албанци.[3]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Рибница, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 5 жители, сите Албанци.[13]
Во денешно време, селото е речиси раселено со повремени жители во текот на летниот период кои се занимаваат со сточарство.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Рибница:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина од 1912 година, во селото Рибница населението било староседелско од христијанска и муслиманска вероисповед.[4]
Македонски и албански родови биле: Ковачевци, Будаловци, Касами, Халири и Штутка.
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште[14]
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Рибница се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Рибница, во која влегувале селата Грекање, Нивиште, Рибница и Тануше.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0483 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект во месноста Трница.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Гробишта од Конде — средновековна некропола; и
- Црква — средновековна црква и некропола.
- Џамии[18]
- Џамија — главна селска џамија
- Реки[19]
- Рибничка Река — река низ селото
- Љуга Рогопече — река јужно од селото
Личности
- Родени во Рибница
- Вилдан Фаик Дибра (?-1925) — муслимански духовник и учител
Култура и спорт
Во 2018 година, во селото се одржале петтите по ред Горнорекански средби.
Селото е често одредиште за планинарите, кои од тука одат за планинските врвови на Кораб, како и до големиот Корапски Водопад на Длабока Река.[20]
Иселеништво
На почетокот на XIX век голем број на родови од селото Рибница се иселиле во селото Гургурница на Сува Гора.
Галерија
- Патоказ за селото
- Поглед на селото
- Селската џамија
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads