Риека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Риека (хрватски: Rijeka, на други дијалекти: Rika и Reka, словенечки: Reka) или Фјуме (италијански: Fiume, унгарски: Fiume, германски: Sankt Veit am Pflaum) — трет по големина град во Хрватска и седиште на Приморско-горската Жупанија. Во Риека живеат 128.624 жители.[1]. Со околината која го опфаќа просторот од поранешната општина Риека со општините Вишково, Чавле, Клана, Јелење и Кострена, и градовите Кастав, Краљевица и Бакар, додека во поширокото подрачје на градот живеат 245.054 жители (2011).
Градот уште во 19 век поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во Ријечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, се развил во едно од најголемите средноевропски пристаништа и моќно индустриско средиште. Денес Риека е најголемо морско пристаниште во Хрватска. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „3 Мај“ и „Виктор Ленац“. Риека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна Југославија.
Во Риека се наоѓа Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц изграден во 1885 година и универзитетот во Риека, основан во 1973 година.
Remove ads
Природна основа

Широкото подрачје на Риека е изградено од варовник со мезозојска старост, додека пак во северниот дел околу Кастав се наоѓаат зони изградени од доломит. Местимично преку варовничките основи се наталожени непропусни наслаги од флиш со палеогенска старост, кои најчесто се наоѓаат во удолнините. Па така во релјефот на подрачјето постои размена на варовнички гребени со доломитски или флишни удолнини.
Географија
Риека се наоѓа на , во западниот дел на Хрватска, 186 км југозападно од главниот град на Хрватска, Загреб, на северното крајбрежје на Риечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, кое како голем залив во Средоземното Море најдлабоко се вовлкол во европското копно. Риечкиот залив, кој преку Големите (помеѓу Истра и островот Црес), Средните (помеѓу Црес и островот Крк) и Малите врати (помеѓу Крк и копното) е споен со Кварнерскиот Залив, е доволно длабок (око 60 m) за слободно движење на најголемите бродови, што и овозможило на Риека да стане важно морско пристаниште.
Градот Риека лежи на устието на реката Риечина во микрорегијата Винодол на Хрватското приморје. Во Риека започнуваат два важни копнени прометни правци. Првиот го користи фактот што Риека се наоѓа во подрачјето во кое Динаридите се најтесни и најцврсти, што овозможува лесно поврзување на крајбрежјето на Јадранското Море и панонските внатрешности. Додека пак со другиот правец Риека преку Постојниските врати е поврзана со источноалпските простори.
Клима
Според Кепеновата класификација на климата, Риека има умерено топла и влажна клима (тип Cf). Просечната температура на воздухот во градот изнесува 13,8 °C, просечната јануарска температура е 5,6 °C, додека просечната температура во јули изнесува 23,3 °C. Годишно во 86 дена со врнежи вкупно паѓаат 1529 мм врнежи од дожд. На количината на врнежи од дожд и нивната годишна распределба исклучително вилјаат есенските и пролетните циклони кои настанале во Џеневскиот Залив. Заедно со сењската, на Јадранот позната е и риечката бура, ладен и сув ветар од правец североисток, чија брзина на моменти достигнува и до орканска вредност (160 км/ч), а најчесто настанува во ладните делови од годината со прелив на ладен воздух од Панонската низина преку Динаридите.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads