Ризо Ризов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ризо Ризов
Remove ads

Ризо Ризов, роден Ризо Костов Ризов (Велес, 1878Скопје, 6 јануари 1950) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, еден од основачите на Народната федеративна партија и ВМРО (Обединета).

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Ризов бил учител во неговиот роден град. Тој бил член на Комитетот за општеставена безбедност во Велес, а во 1904 година е прострелан од сарафистите [1].

Во 1912 година е испратен од велешката општина во Солун да се сретне со раководителите на ВМОРО за да го промовира предлогот на Димитрија Чуповски за испраќање на една делегација во Лондон, која ќе бара автoномија на Македонија.

Но и покрај инсистирањето на Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов, Ризо Ризов активностите на Македонците биле оневозможени. Ризо Ризов повторно отишол во Солун за да подејствува кај приврзаниците за автономија на Македонија пред Мировната конференција во Лондон, но таму бил пречекан со рески реакции од бугарските емисари дека јазици ќе сечат и глави ќе паѓаат за зборот автономија.

Thumb
Група стари македонски револуционери снимени во април 1948. Седат од лево на десно: Ризо Ризов, Крсто Гермов, Александар Мартулков. Стојат од лево на десно: Димитар Поп Евтимов, Анастас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев.

Кога Ризо Ризов се вратил назад во Велес за да им соопшти на Чуповски и Поп Арсов, тие веќе не биле таму поради пуштената потерница по нив.

Значи, во 1912 година овие македонски интелектуалци сепак одржувале општомакедонска конференција на кое се барало полномоштво за да може Македонската колонија да ги застапува националните интереси пред Европа.

Кон крајот на 1926 година поради болест ја напушта Виена и заминува за Советскиот Сојуз. Во 1945 година се враќа во Македонија. Умрел 1950 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads