Рикитеа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рикитеа (мангаревански: Rikitea) — мало гратче на островот Мангарева, дел од островската група Гамбје во Француска Полинезија. Гратчето е главно населено место на Гамбје и повеќето од населението живее во него.[1][2]
Географија

Рикитеа има пристаниште и означува туристички центар на Мангарева. Рикитеа се наоѓа на 1650 км југоисточно од Тахити. Просечната надморска височина на гратчето е 8 метри.[3][1][2][4] Островот има население од околу 1100 жители и скоро сите живеат во Рикитеа.[5]
Сообраќај
Во гратчето може да се пристигне преку воздух или море. Аеродромот се наоѓа на Моу Торегегие, 9 км североисточно. Од аеродромот луѓето потоа користат бродови да пристигнат до селото/ гратчето. Има летови од Папете и траат 4 и пол часови. Патувањето со брод од Папете трае 21 ден и се застанува на уште 4 други острови пред да се стигне до Рикитеа.[6] Околу островот има пат од 28 км должина.[5]
Наводи
Поврзано
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
