Француска Полинезија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Француска Полинезијаmap
Remove ads

Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан. Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папете.

Кратки факти Француска Полинезија Polynésie française, Најголем град ...
Thumb
Топографско-административна карта на Француска Полинезија
Remove ads

Географија

Француска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:

Друштвени Острови 13 острови 1.647 км2 163.000 жители
Туамоту 76 атоли 850 км2 ~ 15.000 жители
Маркиски Острови 10 острови 1.274 км2 8.632 жители
Австралски Острови 7 острови 148 км2 6.669 жители
Гамбје 26 острови 31 км2 986 жители
Remove ads

Демографија

Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители.[2] Од нив 68,6% живееле на островот Тахити.[2] Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.

Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави.[4] На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).[1]

Thumb
Тахитски девојки

Пописи

190719111921192619311936194119461951
30,60031,90031,60035,90040,40044,00051,20058,20063,300
195619621971197719831988199620022007
76,32384,551119,168137,382166,753188,814219,521245,516259,596
Официјални бројки на пописите.[2][5][6][7]

Јазик

Францускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април 1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други.[8] Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот.[8] 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.[8]

Религија

Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.

Remove ads

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads