Мангарева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мангарева (мангаревански: Mangareva) — остров во Тихиот Океан. Мангарева е централен и најголем остров во островската група Гамбје во Француска Полинезија. Мангарева е опколен од помали острови, односно: Тараваи на југозапад, Аукена и Акамару на југоисток и помали островчиња на север. На Мангарева има постојано население од 1239 жители според податоците од 2012 и најголемо населено место на островот е Рикитеа, кој служи како администартивен центар на Гамбје.
Должината на островот е околу 8 км и има вкуона површина од 15.4 км2. Мангарева зазема 56% од вкупната копнена територија на Гамбје. По средината на островот има планински рид со највисока точка од 441 метри, планината Даф. Островот исто така има лагуна со вкупна површина од 24 км во пречник.
Remove ads
Историја
Мангарева некогаш бил прекриен со густа шума и имал големо население. Сепак, поради големата експлоатација на дрво во периодот од 10 до 15 век, островот претрпел опустошување, однoсно губење на шумата. Ова имало силно влијание врз животната средина и економијата на островите.
Првите Европејци кои пристигнале на Мангарева биле Британците, односно капетанот Џејмс Вилсон во 1797 година со бродот Даф. Капетанот ги именувал островите во чест на Адмиралот Џејмс Гамбиер. Во меѓувреме островите биле управувани од локални мангаревански кралеви, за да на крај станал француски протекторат.
Remove ads
Сообраќај
На Мангарева може да се пристигне со брод од аеродромот кој е во близина, поточно преку лагуната. Мангарева е важна точка при патувањето кон Питкерн. Поточно, единствениот начин преку кој некој може да стигне до Питкерн е преку лет од Тахити, потоа со брод од Мангарева до Питкерн. Патувањето до Питкерн е 32 часа.
Галерија
- Мангарева, поглед од Моту Тотегегие
- Карта на Мангарева од 1938
- Карта на Гамбје
- Планината Даф.
- Поглед од авион.
- Крајбрежје
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads