Ристо Русуленчич
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ристо Василев Русуленчич (с. Русилово, воденско, 3 септември 1883 – ?) — македонски национален деец, основач на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и негов библиотекар.
Животопис
Ристо Василев е роден во 1883 година во воденското село Русоленче како дете на сиромашно семејство. До IV клас учел во грчката гимназија во градот Воден, а потоа во српската гимназија во Цариград, која ја завршил во 1902 година. Во август 1902 година поднел молба за упис на Физичко-математичкиот факултет (Природонаучен оддел) во Санкт Петербург, но немал средства за издршка и за плаќање на школарината. На 28 октомври 1902 година учествувал во основањето на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Тој бил именуван за библиотекар на друштвото. По неуспешните обиди да се запише на Военомедицинската академија во Санкт Петербург пролетта 1903 година, високото образование го продолжил на Медицинскиот факултет на Новорусискиот универзитет во Одеса, каде што и завршил во 1909 година. Заедно со Крсте Петков Мисирков и Ф. Николовски направил обиди за формирање клон на МНЛД и во овој универзитетски центар во 1905 година. Натамошниот негов живот и дејноста се непознати.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads