Русилово

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Русиловоmap
Remove ads

Русилово (грчки: Ξανθόγεια, Ксантогија, до 1926 г. Ροσίλοβον, Росиловон[2]) или Старо Русиловосело во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1 жител (2011). Денес поголемиот дел од преостанатите жители се преселени во новооснованото село Ново Русилово.

Кратки факти Русилово Άρνισσα, Земја ...
Thumb
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на западно од градот Воден, на планината Ниџе, северно од Островското Езеро. Лежи на надморска височина од 620 м било напуштено во 1980-тите[3], а населението преселено во денешното, поради поповолната местоположба (крај патот од Воден за Суровичево и Лерин).[4]

Историја

Османлиско време

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович, Русилово го опишал како македонско село.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Русилово (Roussilovo) било село во Воденската со 47 куќи и вкупно 190 жители Македонци.[7][8] Црквата „Св. Димитриј“ датира од 1884 г.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 250 Македонци христијани.[7][10] Егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вели дека во 1905 г. во Русилово (Roussilovo) имало 360 Македонци[7] под егзархијата.[11]

Во 1910 г. селото имало 300 жители, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[12]

Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога броело 335 жители (друг извор наведува 148 мажи и 133 жени[13]). Откупени се 17 имоти на селаните, кои се иселиле во Бугарија.[14] Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 45 македонски куќи.[3]

Во 1920 Русилово е посочено како село со 378 жители „Словени“ христијани, во 45 куќи.[15] Во 1926 г. Русилово е преименувано во Ксантогија, но изворното име продолжува да се користи.[16] Во 1927 г. селото е заведено како чисто македонско, без грчки доселенички семејства.[13]

Селото настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци морале да се преселат во Р Македонија.[3] По војната започнало иселување во Воден.[17] Во 1950-те жителите постепено почнале да го основаат Ново Русилово на 2-3 км од старото и да го напуштаат дотогашното село.[4]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Кадрево и Ново Русилово.

Личности

Thumb
Мирка Гинова

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads