Роберто Карлос
бразилски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роберто Карлос да Силва Роша (роден на 10 април 1973, во Гарса), попознат само како Роберто Карлос, е бразилски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, на играч од одбраната.
По почетоците во родниот Бразил со екипата на Палмеирас, Роберто Карлос се преселил на европскиот континент, каде неговиот прв клуб бил Интер. Во Милано, тој се задржал само една сезона, по што му се приклучил на Реал Мадрид во 1996 година, каде што поминал 11 успешни сезони, играјќи 584 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 71 гол. Со „кралевите“, тој четири пати го освоил шпанското првенство и трипати Лигата на шампионите. Во 2013 година, тој бил избран од страна на шпанскиот весник Марка во "Најдобрите странски единаесет во историјата на Реал Мадрид".[1] По напуштањето на Реал Мадрид во 2007 години, тој бил активен уште неколку сезони играјќи во Турција за Фенербахче, за Коринтијанс во Бразил и за Анжи Махачкала во Русија. Во август 2012 година, тој го најавил своето пензионирање од фудбалот на возраст од 39 години.[2]
За бразилската репрезентација дебитирал во 1992 година. Настапил на три Светски првенства, помагајќи му на „Селесао“ да стигне до финалето на Светското првенство 1998 во Франција, и да го освои Мундијалот 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Тој бил селектиран и во Ол-Стар тимот на двете споменати првенства во 1998 и 2002 година.
По завршувањето на играчката кариера, започнал да работи како тренер, најпрво како асистент на Гус Хидинк во неговиот последен клуб, Анжи. Во јуни 2013 година, ја презел функцијата во тускиот Сиваспор, што бил неговиот прв ангажман како главен тренер.[3] Во јули 2015 година, тој бил назначен како играч-тренер на индискиот клуб Делхи Дајнамос.[4]
Remove ads
Кариера
Роберто Карлос ја започнал својата кариера во Униао Сао Жоао, фудбалски клуб со седиште во Арарас во државата Саун Пауло.
Титули
Клупски
Палмеирас
- Бразилско првенство (2) : 1993, 1994
- Кампеонато Паулиста (2) : 1993, 1994
- Турнир Рио-Саун Пауло (1) : 1993
Реал Мадрид
- Примера Дивисион (4) : 1996-1997, 2000-2001, 2002-2003, 2006-2007
- Суперкуп на Шпанија (3) : 1997, 2001, 2003
Лига на шампиони (3) : 1997-1998, 1999-2000, 2001-2002
Суперкуп на УЕФА (1) : 2002
- Интерконтинентален куп (1) : 2002
Фенербахче
- Суперкуп на Турција (2) : 2007, 2009
Репрезентативни
ФИФА Светско Првенство (1) : 2002
- Копа Америка (2) : 1997, 1999
- ФИФА Куп на конфедерации : 1997
Remove ads
Тренерска статистика
- Обновено на 13 јануари 2018
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads