10 април
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Април 2025 10 април — 100-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (101-и во престапна година). Остануваат 265 денови до крајот на годината.
Настани:
1915 | Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистички наемници. |
1948 | Започна изградбата на ХС „Маврово“. |
1953 | Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд, е избран за втор по ред генерален секретар на Организација на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загинал во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година. |
Родени:
1778 | Вилијам Хезлит — англиски писател и критичар. |
1847 | Џозеф Пулицер — американски новинар. |
1886 | Џони Хајес — американски атлетичар. |
1869 | Георги Баласчев — бугарски историчар. |
1877 | Алфред Кубин — австриски цртач, илустратор и писател. |
1910 | Хеленио Херера — аргентински фудбалер и тренер. |
1916 | Борис Лозановски — македонски поет и романописец. |
1922 | Весна Парун — хрватска поетеса. |
1928 | Анатоли Дамјановски — македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1929 | Макс фон Сидов — шведски глумец. |
1934 | Михо Атанасовски — македонски поет. |
1937 | Бела Ахмадулина — руска и советска поетеса. |
1946 | Шефкет Муслиу — поранешен член на ОНА. |
1948 | Јован Јосифовски — македонски правник. |
1952 | Стивен Сигал — американски глумец, продуцент и музичар. |
1955 | Цвијетин Благојевиќ — босански фудбалер. |
1959 | Брајан Сецер — американски рок-музичар, член на групата „Стреј кетс“ |
1960 | Силјан Аврамовски — министер за внатрешни работи на Македонија. |
1962 | Лилјана Мугоша — југословенска ракометарка. |
1973 | Роберто Карлос де Силва — бразилски фудбалер. |
1974 | Гоце Седловски — македонски фудбалер. |
1983 | Боби Диксон — американско-турски кошаркар. |
1984 | Менди Мур — американска пејачка и глумица. |
1986 | Венсан Компани — белгиски фудбалер. |
1986 | Фернандо Гаго — аргентински фудбалер. |
1992 | Садио Мане — сенегалски фудбалер. |
1996 | Андреас Кристенсен — дански фудбалер. |
2004 | Савињо — бразилски фудбалер. |
Починале:
1585 | Григориј XIII — римски папа. |
1813 | Жозеф Луј Лагранж — италијански математичар. |
1867 | Александар Дмитриевич Петров — руски шахист и теоретичар на шахот. |
1904 | Изабела II — кралица на Шпанија. |
1915 | Јане Сандански — македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО. |
1919 | Емилијано Запата — мексикански револуционер. |
1931 | Халил Џибран — либански поет. |
1964 | Лазар Личеноски — македонски сликар. |
1979 | Нино Рота — италијански композитор. |
2010 | Лех Качињски — претседател на Полска. |
2025 | Лео Бенхакер — холандски фудбалер и тренер. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads