Роберт Ковач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роберт Ковач (роден на 6 април 1974, во Берлин) — хрватски фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата централен одбранбен играч.
Неговиот постар брат Нико исто така бил поранешен репрезентативец на Хрватска.
Remove ads
Играчка кариера
Клупска кариера
Роберт Ковач ја започнал својата фудбалска кариера во Германија (каде што и е роден) играјќи за клубови од низок ранг како Рапид Вединг и Херта Зелендорф. Во првата германска лига дебитирал во 1995 година играјќи за Нирнберг. По завршувањето на сезоната 1995-1996 бил купен од страна на Бајер Леверкузен каде одиграл пет сезони без да освопи ниту еден трофеј, иако, во тој период клубот дури трипати завршувал на второто место. Гладен за освојување тројеи, Роберт се преселил во Бајерн Минхен во 2001 година. Веќе следната сезона била одлична за клубот, откако Бајерн ги освоил првенството и купот, како и Интерконтинанталниот куп. Ковач одиграл четири сезони во Бајерн освојувајќи два наслова во Бундеслигата и два во Купот на Германија. На 15 јули 2005 потпишал за Јувентус. Во својата првата сезона во Италија постигнал еден гол за Јувентус, стрелајќи прецизно со глава во победата над Лече со 3-1 (во 27-мото коло од Серија А 2005-2006). Тој му помогнал на клубот да го освои скудетото на крајот на сезоната, но оваа титула на Јувентус подоцна му била одземена. Со администрацијата на Јувентус во понизок ранг, Ковач бил еден од малкуте играчи кој решил да остане со клубот во Серија Б, но неговата сезона била обележана со многубројни повреди кои го спречиле да игра на највисоко ниво. Во 2007 година се вратил назад во Германија, потпишувајќи за Борусија Дортмунд но тука не успеал да се избори за стандарден играч. Во јануари 2009 година потпишал договор со Динамо Загреб на година и пол. Оштетата која ја добила Борусија изнесувала 450.000 евра.[1]
По завршувањето на сезоната 2009-2010, на 2 јуни Ковач го најавил своето повлекувње од фудбалот со следнава изјава: "Готово е, јас доволно играв. Уморен сум, во 37 години не можете да направите некои работи како пред тоа, а јас немам ни мотивација повеќе ".[2]
Репрезентативна кариера
За репрезентацијата на Хрватска дебитирал во 1999 година во натпревар против Италија, а до почетокот на квалификацискиот циклус за Евро 2008 собрал 58 настапи. Учествувал на Светските првенства во 1998, 2002 и 2006 година и на Евро 2004 и Евро 2008. За хрватската репрезентација вкупно одиграл 84 натпревари, со што е втор на списокот на играчи со најмногу настапи зад Дарио Шимиќ, играчот кој има најмногу настапи за хрватската репрезентација, додека трет е неговиот брат Нико, од кого после неговото повлекување ја преземал капитенската лента. Од репрезентацијата се опростил на 14 октомври 2009, во натпревар од квалификациите за Светското првенство против Казахстан.
Remove ads
Тренерска кариера
Пред крајот на својата играчка кариера, како активен играч отишол на Фудбалската академија на ХНС во програмата за образование за УЕФА Про тренер.
На почетокот на 2013 година, Роберт како помошен тренер на својот брат Нико ја преземале функцијата во хрватската репрезентација под 21 година.
По заминувањето на Игор Штимац од функцијата селектор на сениорската репрезентација, на 16 октомври 2013, Роберт станал помошен тренер на својот брат Нико во "A" репрезентацијата.[3]
Remove ads
Титули
Бајерн Минхен
Бундеслига (2) : 2002–2003, 2004–2005
Куп на Германија (2) : 2002–2003, 2004–2005
- Лига куп на Германија (1) : 2004
- Интерконтинентален куп (1) : 2001
Јувентус
Динамо Загреб
- Прва ХНЛ (1) : 2008–2009
- Куп на Хрватска (1) : 2008–2009
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads