Рогач

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рогач
Remove ads

Рогач (науч. Ceratonia siliqua) — цветна грмушка или зимзелено дрво кое што припаѓа на семјеството Бобови (Fabaceae), се одгледува за неговите плодови и како украсно дрво во градините. Поднесува температури во текот на зимскиот период до -6 °C. Исто така е познат по името „Лебот на свети Јован", според преданието, Јован Крстител се хранел од него додека живеел во пустина.

Кратки факти Рогач, Научна класификација [ у ] ...

Дрвото потекнува од Средоземјето, вклучувајќи ги и Јужна Европа, Северна Африка, поголемите средоземните острови, Западна Азија, Канарските Острови и Макаронезија. Присутно е во Македонија.

Remove ads

Потекло на поимот

Ceratonia Siliqua, научното име на дрвото рогач, потекнува од грчкиот збор „керас" - „κέρας" (рог) и латинскиот збор „Siliqua" (мешунка). Поимот „карат“ како единица за маса на скапоцени камења, исто така потекнува од старогрчкиот збор κεράτιον, осврнувајќи се на древната пракса од Блискиот Исток, златото и скапоцените камења да се мерат со семките на рогачот кои имаат рамномерна маса (0,2 г). Денес каратот е стандардизиран и изнесува токму 0,2g. Рогачот се јадел во Стариот Египет, тој често се користел како засладувач. Бил користен во хиероглифите за зборот „слатко“ (неџем).

Remove ads

Употреба

Рогач се користи со векови како важен извор на храна за човекот и за исхрана на добитокот. А многу добра опција е дека плодовите се во можност да опстанат на дрво со години, иако суви, но сепак употребливи. Се користел како засладувач, сè до појавата на вештачки засладувачи. Исто така се користи како замена за какао.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads