Рогле

село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia

Роглеmap
Remove ads

Рогле — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 566 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора. Селото е во близина на селото Ново Село.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 135 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 42 куќи со 263 жители Албанци.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

По Балканските војни е забележано со 283 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 566 жители, сите Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 532 жители, од кои 492 Албанци и 40 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Рогле е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Качер (35 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од старото место се иселиле тројца браќа и нивниот внук. Од нив едниот брат со внукот се населил во Рогле. Вториот брат преку Рогле се населил во Бојане, а третиот во кумановското село Слупчане. Овде се доселиле пред 200 години.
  • Шкрете или Мемете (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Имаат изумрени домаќинства.
  • Цоке (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.[12]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2099 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 564 гласачи.[14]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads