Родопи
планински венец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Родопитe (бугарски: Родопи, грчки: Ροδόπη) — планински венец во јужниот дел на Бугарија и е дел од Рилско-родопскиот Масив. Планините се наоѓаат меѓу Горнотракиската Низина на север и Беломорската Низина на југ. Поголемиот дел од планината се наоѓа на територијата на Бугарија, а помал во Грција. Планината има површината од 14.737 км2 со просечна надморска височина од 785 м.[1] Геоморфолошки планината се дели на два дела - Западни и Источни Родопи. Западниот дел е повисок, со типично планински релјеф, додека Источните Родопи се ридови и релативно ниски. Највисокиот врв во Родопите е Голем Перелик со 2.191 м надморска висина и тој се наоѓа во Западните Родопи на 19 км западно од градот Смољан.
Remove ads
Галериjа
- Родопски шуми
- Панорама од источните Родопи
- Бачковски манастир
- Чудните мостови, Големиот мост
- Чудните мостови, Малиот мост
- Крепост Устра
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads