Горнотракиска Низина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Горнотракиска Низинаmap
Remove ads

Горнотракиска Низина (бугарски: Горнотракийска низина) — голема низина во северниот дел на историската област Тракија. Се наоѓа во јужна Бугарија, помеѓу Средна Гора на север и запад, Родопите, Сакар и Странџа на југ и Црното Море на исток. Ова е плоден земјоделски крај со површина од 16.032 км2 и просечна надморска височина од 168 м. Рамнината е дел од областа Северна Тракија. Климата е умереноконтинентална. Тука е забележана највисоката температура во Бугарија: 45,2 °C во Садово, измерена во 1916 г. Просечните врнежи изнесуваат 550 мм годишно.

Thumb
Поглед на градот Сливен и источниот дел на Горнотракиската Низина од југот на Стара Планина.
Thumb
Географска карта на Горнотракиската Низина.
Remove ads

Реки

Најважни реки Марица и нејзините протки Арда, Тунџа, Стрјама, Тополница и В’ча.

Градови

Најголеми градови во низината се Пловдив, Бургас, Стара Загора, Пазарџик, Асеновград, Хасково, Јамбол и Сливен.

Поврзано

Наводи

  • Група автори (2002). Българска енцикклопедия А-Я. София: ИК Труд.

42°15′N 26°0′E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads