Слатко

From Wikipedia, the free encyclopedia

Слатко
Remove ads

Слатко (српски: слатко / слатко, бугарски: сладко) е овошен десерт  направен од плодови или ливчиња од роза во македонската, српската, и бугарската кујна. Речиси секаков вид овошје може да се користи, како дива јагода, боровинка, слива и цреша. Традиционално, сите гости во македонските, српските и бугарските домови се прслужувале со лажица слатко и чаша вода штом ќе седнат. Особено почестените гости се понудени двапати, иако секој гостин може да побара уште еднаш, со што се смета дека му оддава чест на домаќинот. За вториот залак мора да се користи друга лажица. Да се побара третпат, ако не е понуден, се смета за несоодветно однесување. Алтернативно, на ист начин, на гостите може да им се понуди мед (или да се побара да се избере).

Кратки факти Вид, Место на потекло ...

Слаткото се користи како полнење за сладолед и вафли, како и полнење на палачинки.

Remove ads

Варијанти

Највообичаените типови на слатко се оние од цела јагода, малку незрели сливи или вишни. Исто така, може да се користат и други свежи плодови како што се малини, слатки цреши, коцки од лубеница, ливчиња од роза, дуњи, грозје, смокви, праски, боровинки, капини или црвени рибизли. Ако е подготвена слатка слива, може да се додадат ореви или бадеми во мешавината или дури да се вметнат во самите сливи за да се заменат јатките. Може да се користат и замрзнати бобинки и овошје, но количината на вода и времето за готвење треба да се прилагодат соодветно.[1]

Remove ads

Слаткото како тема во уметноста и во популарната култура

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads