Ролс-Ројс Фантом III
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фантом III (Phantom III) бил последниот голем предвоен Ролс-Ројс. Се појавил на пазарот во 1936 год, наместо неговиот претходник Фантом II.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Ова возило се раликувало од другите по својот целосно алуминиумски V12 мотор. Со 95.2 mm пречник и 114.3 mm клип, новите дванаесет цилиндри биле со зафатнина од 7.3 Л (7338 КС). Ова бил мотор со надвентили управувани од едно коленесто вратило помеѓу лежиштата на цилиндрите. Ова е последниот V12 Ролс-Ројс сѐ до 1998, со појавувањето на моделот Сребрен Серафим.
Друга важна одлика на автомобилот била самостојната амортизација напред, заснована на конструкција од Џенерал Моторс. Оваа амортизација на принцип на спирална пружина била дополнета со додатна полуелиптична пружина одзади.
И тука наоѓаме 4-брзински рачен менувач со синхронизиран пренос на 2-рата, 3-тата, и 4-тата брзина. Во 1938 била додадена и петта брзина (овердрајв). Возилото имало и серво-кочници на сите четири тркала.
Remove ads
Надворешни врски
- Фантом III Техничко Здружение (англиски)
| „Ролс-Ројс Фантом III“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
