Ромбоид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во геометријата, ромбоид е четириаголник кој има два пара паралелни страни (т.е. е паралелограм), но соседните страни не се исти (т.е. не е ромб) и нема внатрешен агол од 90° (т.е. не е правоаголник).[1] Од друга страна, поимот паралелограм вклучува и ромбоиди, ромбови, правоаголници и квадрати.
- Ромбоид е паралелограм кој не е ромб, ниту правоаголник, ниту квадрат.
Remove ads
Формули и особини на ромбоид
Види и паралелограм.
- Ромбоид е паралелограм
- Спротивните страни се складни (со иста должина).
- Спротивните (внатрешните) агли се складни (со иста големина).
- Соседните агли се суплементни (збирот им е 180°).
- Ромбоид не е ромб.
- Соседните страни на ромбоид не се складни.
- Дијагоналите на ромбоид не ги преполовуваат внатрешните агли.
- Ромбоид не е правоаголник.
- Соседните агли на ромбоид не се складни. (Бидејќи ромбоидот е паралелограм, збирот на соседните агли е 180°. Доколку беа складни би биле по 90° и фигурата би била правоаголник.)
- Дијагоналите на ромбоид не се складни.
Remove ads
Симетрија
- Ромбоидот нема осна симетрија.
- Ромбоидот како паралелограм има вртежна симетрија од 2-ри ред.
Впишана и опишана кружница
- Ромбоидот нема ниту впишана, ниту опишана кружница, т.е. не е ниту тангентен четириаголник ниту тетивен четириаголник.[2][3]
Поврзани теми
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads