Роса Пауновска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Роса Петкова Пауновска (Кокино, 1875 - Кокино, 1971 ) — македонски изведувач на народни песни[1].

Животопис

Пауновска е родена во кумановското село Кокино во 1875 година. Таа била ќерка на познатиот кокински војвода Петко, доселен од соседното село Малотино. Не одела на училиште. Во својот живот никогаш не отпатувала подалеку од Куманово, каде што обично одела во пазарните денови[2]. Во нејзиниот репертоар се наоѓаат околу 250 народни песни од нејзиниот крај[3]. Магнетофонски записи од нејзиното пеење се депонирани во Архивата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, снимени од Симо Младеновски во 1969 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads