Рудино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рудиноmap
Remove ads

Рудино (грчки: Άλωρος, Алорос; до 1922 г. Ρούδινος, Рудинос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 417 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Рудино Άψαλος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во јужниот дел на котлината Меглен, 7 км јужно од С’ботско и 16 км северно од Воден.

Историја

Антика

Кај селото се откриени наоди од древномакедонско време. Над селото има тврдина, која се постоветува со стариот град Европ, и која од север, исток и југ е заградена со реката Мегленица, контролирајќи ги патиштата на југ и и на север. Во ископувањата спроведени во 1986 и 1993 г. се откриени македонски и други монети од IV до II век п.н.е. Во 1978 г. е откриена и доцномакедонска гробница од II век п.н.е. како и наоди од римско време.[4]

Во Отоманското Царство

Во селото има стари бакарни рудници, од кои еден работел и во подоцнежните векови. Се смета дека селото е наречено по нив.[4] Рудинскиот мост на реката Мегленица е изграден во османлиско време.[5]

Дел од жителите на Рудино во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Будино (Boudino) било село во Воденската каза со 53 домаќинства од 136 Македонци-христијани и 198 Македонци-муслимани.[6][7] Кон крајот на векот населението станало наполно муслиманско, за што сведочи хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кој вели дека на крајот од XIX век Рудино (Рудина) било Македонци-муслимани со машко население од 325 души во 93 домаќинства.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рудино имало 550 Македонци-муслимани.[6][10]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 449 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 395.[3] Во 1922 г. е преименувано во Алорос. Во 1920-тите населението на Рудино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Никопол во Понд.[4] Според пописот од 1928 г. Рудино било дојденско село со 489 жители од 121 семејство.[11]

Во 1940 г. селото броело 694 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 529 како последица од Граѓанската војна.[3] Во текот на следните години дошло до битен пораст на населението, по што настапило постепено намалување.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Целото земјиште на селото се наводнува и дава високи приноси. Највеќе се произведуваат овошје, тутун, индустриски пиперки, десертно грозје и друго, а застапено е и краварството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads