Рупелски ветар
ветар во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рупелски ветар (грчки: Ρουπελιώτης, Рупелиотис) — ладен и сув северен ветар во Егејска Македонија. Се движи по долината на реката Струма низ Серското Поле и стасува до Струмскиот Залив. Кога овој ветар дува во Сер, речиси истовремено во Солунското Поле дува друг ветар — вардарецот. Има слична брзина како вардарецот; присутен е околу 40-50 денови во годината, a во текот на десетина дена е бурен, надминувајќи јачина од 8 по Бофоровата скала. Поради сувоста во подрачјата кајшто дуваат ветровите, при ниски температури овие ветрови можат да нанесат щети врз реколтата.[1]
Овој ветар има многу сличности со вардарецот, но според некои извори рупелскиот е многу послаб. Неговата средна честота изнесува околу 35 дена во годината, и тоа во студениот период.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads