Руј (планина)
планина во Бугарија и Србија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руј е погранична планина меѓу Бугарија и Србија. Највисоката и точка е врвот Руј (1.706м).
Наоѓа се во западна Бугарија, во близина на градот Трн и југоисточна Србија во близината на селото Звонце. Зазема најзападниот дел на Рујско-Верилската планинска група. По вододелното било на планината поминува државната граница меѓу Бугарија и Србија. Во јужна и источна насока на бугарска територија таа е ограничена со долината на реката Ерма. На запад се поврзува со Рудина Планина. Непосредно на југоисток од неа се наоѓа помала Ездимирска Планина. се протега во насока исток-запад со должина од 20 км и ширина 8 км. Вкупната и површина е околу 86 квадратни километри. Таа е масивна, куполовидна планина од блоков тип и во голема мера во надворешниот си изглед е слична на Витоша.[1] Некои од главните туристички правци во бугарскиот дел на Руј се означени со двонасочна (летна) ознака.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads