СУГС „Панче Арсовски“ - Скопје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
СУГС „Панче Арсовски“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Панче Арсовски“) — средно училиште во Скопје, Општина Гази Баба.
Remove ads
Основање и развој
Училиштето е создадено во 1960 година, кога за потребите на скопската Железарница отпочнува со работа со цел да се оспособи квалитетен кадар. Низ своето опстојување, според намената и потребитe, го менува својот предзнак. Па, така од Центар за образование при Рудници и железарница „Скопје” – Скопје во 1961 година, се преименува во Машинско – металуршки центар „Панче Арсовски”, во 1979 година, за во 2006 година да премине во ингеренции на Град Скопје и се именува како СУГС Гимназија „Панче Арсовски” Скопје. Денес во училиштето се застапени сите гимназиски подрачја (општествено – хуманистичко А и Б подрајче, природно – математичко А и Б подрачје, јазично – уметничко А и Б подрајче).
За квалитетот на образованието се грижи наставниот кадар за што говорат бројните награди и признанија освоени од учениците. Во ова училиште завршиле 40 генерации Металуршки техничари, 35 генерации со занимање од Машинска и Металуршка струка и практична обука и 20 генерации со гиназиско образование.
Remove ads
Учество на натпревари
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
Познати личности кои предавале во ова училиште
Надворешни врски
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
![]() | Оваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads