Училиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Училиште — учебна установа каде што според однапред утврден план и програма луѓето, обично во своите детски и младешки години, се здобиваат со знаење. Покрај пренесувањето знаење на младата генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција. Во минатото училиштата биле делени на машки, женски и мешани. Денес има професионални училишта коишто даваат знаење кон одредена професија, како и уметнички и профилирани училишта.

Како што самото име „училиште“ укажува, главната активност на учениците во училишните установи е учење, т.е. меморирање на однапред изготвени податоци, без осврт на точноста, применливоста или ажурноста на податоците, или пак за методите по кои сервираните податоци се изведени.
Според начинот на финансирање, училиштата можат да бидат државни или приватни.
Remove ads
Средни училишта
Средни училишта се оние училишта во кои учениците се образоваат на повисок степен. Во некои земји средните училишта се незадолжителни.
Училиштето како тема во уметноста и во популарната култура
Училиштето како тема во книжевноста
- „Штедливиот ученик“ - суфиска приказна.[1]
- „Учителот и песот“ - суфиска приказна.[2]
- „Омер и винопиецот“ - суфиска приказна.[3]
- „Песна без наслов“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[4]
- „Сите ученички заедно“ - песна на францускиот писател Андре Бретон.[5]
- „А, Втор. И Трет!“ — краток расказ на македонскиот писател Климент Булоски.[6]
- „Меѓу учениците“ (англиски: Among School Children) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[7]
- „Да подигнуваме училишта“ (српски: Дижимо школе) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[8]
- „Училиште за патки“ (српски: Пачја школа) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[9]
- „Деесетти јуни, или крај на учебната година“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[10]
- „Училишната тетратка“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[11]
- „По сите изгледи, еден од нашите идни поети“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.[12]
- „Една нежна старомодна приказна полна со љубов, лирика и сешто“ — расказ на Вилијам Саројан.[13]
- „Ученик“ - песна на руската поетеса Марина Цветаева од 1921 година.[14]
Училиштето како тема во музиката
- „Учители“ (англиски: Teachers) — песна на француската група Дафт Панк (Daft Punk) од 1997 година.[15]
- „Мајло оди во колеџ“ (англиски: Milo Goes To College) — музички албум на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[16]
- „Час по хемија“ (англиски: Chemistry class) - песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1979 година.[17]
- „Училиштето заврши“ (англиски: School's out) — песна од истоимениот албум на американски рок-музичар Алис Купер од 1972 година.[18]
- „Средно училиште“ (англиски: High School) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.[19]
- „Враќање во училишните денови“ (англиски: Back To Schooldays) — песна на британскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[20]
- „Ритуалот на директорот на училиштето“ (англиски: The Headmaster Ritual) — песна на британската рок-група Смитс (The Smiths) од 1985 година.[21]
- „Моето старо училиште“ (англиски: My Old School) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.[22]
- „Училишна госпоѓа“ (англиски: School Mam) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1977 година.[23]
- „Бирмингенското школо за бизнис школо“ (англиски: The Birmingham School Of Business School) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1992 година.[24]
- „Уметничко училиште“ (англиски: Art School) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.[25]
- „Итонските пушки“ (англиски: The Eton Rifles) — песна на The Jam од 1979 година.[26]
![]() | Оваа статија поврзани со образованието е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Галерија
- ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром, Скопје
- ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром, Скопје
- Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид
- Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид
- Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads