Сабјарка (птица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сабјарката (Recurvirostra avosetta) е блатна птица која живее на крајбрежјата и е распространета во умерените делови на Европа, западна и Средна Азија. Таа е птица преселничка која зимува во Африка или јужна Азија. Некои птици остануваат да зимуваат во поблагите делови од нивните спектар, на пример, во јужниот дел на Шпанија и јужна Англија. Сабјарката ја има во Македонија околу Дојранско Езеро и е постојан жител.

Remove ads
Опис
Сабјарката е впечатлива бела блатна птица со црни дамки. Возрасните имаат бели пердуви, освен црната капа на главата и црни дамки по крилјата и грбот. Имаат долг, нагоре свиткан клун и долги, синкави нозе. Долги се приближно 16,5 - 17,75 см, од кои клунот е околу 2,95 - 3,35 см, а нозете околу 3 - 4 см. Распонот на крилјата е 30 - 31,5 см.[2] Мажјаците и женките се слични. Младенчињата наликуваат на возрасните, но имаат повеќе сивкасти тонови.
Повикот на сабјарката се разнесува надалеку и е течно, мелодично кли-и-кли.[2]
Remove ads
Поведение
Живеалиште и исхрана
Сабјарката живее во колонии, обично меѓу 10 и 70 двојки, а при преселба се собираат и по неколку илјади во јато. Живее крај солени води, а поретко крај слатководни езера и устија. Овие птици имаат специфичен и единствен начин на исхрана, пасејќи по дното на мочуриштето, често движејќи го клунот лево-десно, како да коси.[3]). Најмногу јадат ракчиња и инсекти.
Размножување
Паровите се формираат за вгнездување брзо по пристигнувањето од преселбата. По краток период на парење двојките одлучуваат да го изградат гнездото, што обично се наоѓа во близина на вода, на песок, врз ретки растенија или исушена тиња. Секогаш избира отворен простор, без густа вегетација. Обично, гнездото е мала дупка во земјата, обрабено со гранчиња, без обложување (гнездо - гребнатинка) или пак, може да биде во вид на могила, ако местото е повлажно и да се крене на висина од 7 до 10 см од земјата. Гнездат во мали колонии и со други птици. Женката несе 3-4 окер или маслинастозелни јајца со црни дамки. И двата родитела ги инкубираат во период од 23 до 25 дена. Младенчињата добиваат пердуви по 35-42 дена, по што почнуваат да летаат и се осамостојуваат. При опасност двете возрасни птици се преправаат дека се повредени и постепено се оддалечуваат од гнездото. За тоа време младенчињата се припиваат до земјата или се сокриваат меѓу мочуришните растенија. Максимална позната возраст на сабјарката регистрирана во Европа, поточно во Холандија, е 27 години и 10 месеци.
Remove ads
Статус
Во Велика Британија во 1840 овој вид беше изумрен,[4] но во 1947 година повторно е успешно населен.[2]
Сабјарката е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водени птици-преселници.
Галерија
- Возрасна птица, се храни
- Возрасна птица во лет
- Пиле
- Јајце
- Младенче
- Гнездо
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads