Савиња
река во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Савиња (словенечки: Savinja) — река во североисточна Словенија која тече низ Горната и Долнања Савињска Долина и градовите Цеље и Лашко. Почнува како главна река во Савињските Алпи и завршува како притока на Сава кај селото Зидани Мост. Долга е 101,75 км и има сливна површина од 1.847,7 км2.[2] Неретко знае да се поплавува и затоа се прават напори за заштита долж нејзиното поречие. По реката е наречен Савињскиот статистички регион, еден од современите региони на Словенија.
Remove ads
Извор
Реката почнува како поток од водопадот Ринка и тече низ Логарската Долина во уредено корито. Тука водотекот се влева во потокот Језера и заедно ја образуваат Савиња. Овој поток е прогласен за природно наследство, а Ринка за еден од најубавите водоапди во земјата и највисок од дваесетте водопади во долината, со најдобар поглед од Камничкото Седло.
Притоки
Главни притоки на Савиња се следниве:
- Јушеф и Клобаша кај Солчава
- Лучница кај Луче
- Љубница кај Љубно
- Дрета кај Назарје
- Пака кај Шмарно на Пака
- Ложница и Воглајна со Худиња кај Цеље
Сплаварење во минатото
Сè до Втората светска војна сплавовите имале имале важна улога во животот на поречните места. На левиот брег на реката во Цеље стои статуа „Сплавар“, изработена од Борис Калин 1961 г. во спомен на ова.
Слики
- Савиња меѓу Цеље и Лашко
- Савиња кај Цељскиот замок
- Савиња во Лашко за времее на поплавата од 2010 г.
Поврзано
- Савињски статистички регион
- Цељска Котлина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads