Салаш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Салаш
Remove ads

Салаш (на српски, хрватски, чешки, словачки и русински од унгарски szállás што значи „куќа, сместување“[1]) — традиционален вид на фарма во регионот на Панонската Низина, особено во Бачка и Славонија. Салашот е обично оддалечен од населба, град или село. Се состои од семејна куќа, земјоделски објекти како плевна, пондила и амбар, опкружени со обработливо земјиште и пасишта.[2] Салашот бил сопственост на едно семејство, кое живеело таму со генерации.

Thumb
Обновен и заштитен салаш од 1799 година во Бачки Петровац, Војводина
Thumb
„Сончев забат“ на салаш во Војводина, Србија
Thumb
Макета на салаш во музејот во Кикинда, Србија

Некогаш многубројните „земјанки“ на рамнините на Средна Европа биле изградени од месно пронајдени материјали: ѕидовите биле градени од плитари. Покривот обично бил од исушена трска, составена во традиционална изработка. Денес, салашот станува дел од фолклорот за да им се прикаже на туристите, заедно со традиционалната храна и пијалаци, обичаите, животот на фармата, тамбурашката музика, итн.

Во словачката култура, салашите претставувале оддалечени логори за овчарите и на крајот ги означувало малите селски гостилници основани во такви куќи, кои обезбедувале овчи производи и традиционални домашни јадења.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads