Санде Стојчевски (Талашманце)
македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санде Величков Стојчевски ( 1925 во Талашманце — 21 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Уште од раното детство, тој ја почувствувал суровата немаштија и беда. По завршувањето на основното четиригодишно училиште бил принуден да оди на аргатски работи, а подоцна да работи ѝ како општ работник. Работел на патишта, мостови и слична теренска работа. Имал повеќе допири со напредни работници и станал симпатизер на народноослободителното движење. Како напреден младинец бил примен во редовите на СКОЈ. Санде како борец стапил на 15 септември 1944 година, најпрво во Месната команда во Кратово, а подоцна во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Со својата единица, тој земал учество во многу борби. Учествувал во борбите против остатоците од балистичките банди во околината на Гнилане. Загинал на 21 април 1945 година, на Сремскиот фронт, како борец во состав на Треттатa македонска народноослободителна бригада.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads