Талашманце
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Талашманце — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Талашманце живееле 364 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Талашманце имало 232 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 150 жители, од кои 149 Македонци и 1 Турчин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 92 жители, од кои 87 Македонци и 5 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Талашманце е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото
- Стари родови: Шотевци (10 к.), Глашевци (10 к.), Шаровци (7 к.), Драгашани (4 к.), Гробарци (3 к.), Митковци (2 к.) и Менинци (2 к.) предците на овие родови живееле во старото село, Синовер.
- Доселеници: Додевци (5 к.) доселени се од селото Гиновци кај Крива Паланка; Баратлици (5 к.) доселени се од селото Петралица кај Крива Паланка.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родено во Талашманце:
- Санде Стојчевски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads