Санта Крус де Тенерифе (покраина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Санта Крус де Тенерифе (покраина)
Remove ads

Санта Крус де Тенерифе (шпански: Provincia de Santa Cruz de Tenerife) е покраина во Шпанија, во автономната заедница Канарски Острови. Главен град е Санта Крус де Тенерифе (попознат само како Санта Крус), на островот Тенерифе, (најнаселениот остров во Шпанија). На почетокот на 2023 година, покраината броела 1.067.173 жители, со густина од 315,6/км2. Околу 19,6% живеат во главниот град[1], кој воедно е и главен град на Автономната заедница на Канарските Острови. Во покраината има 54 општини. Тенерифе, освен што е најнаселениот остров на Канарските Острови, истовремено е и најнаселениот остров во Шпанија. Благодарение на врвот Теиде, со 3718 м,[2] островот има и најголема надморска височина во Шпанија, вклучително со сите Атлантски острови.

Кратки факти Санта Крус де Тенерифе Provincia de Santa Cruz de Tenerife, Земја ...
Thumb
Покраината Санта Крус де Тенерифе со Канарските Острови
Remove ads

Историја

Оваа покраина е основана во 1927 година, кога покраината Канарски Острови (со Санта Крус де Тенерифе како главен град) била поделена на две покраини: Лас Палмас и покраината Санта Круз де Тенерифе. Во 1982 година, обете покраини станале дел од новооснованата автономна заедница на Канарските Острови.

Национални паркови

Во Санта Крус де Тенерифе се наоѓаат три од националните паркови во Шпанија, (повеќе од која било друга покраина):

  • Националниот парк Калдера де Табуриенте на Ла Палма,
  • Националниот парк Гарахонај на Ла Гомера и
  • Националниот парк Теиде на Тенерифе[3], кој го опфаќа Теиде, највисоката планина во Шпанија, а воедно и неактивен вулкан.

Поголеми градови (2023)

  • Санта Крус де Тенерифе (Тенерифе): 208.906 жители
  • Сан Кристобал де Ла Лагуна (Тенерифе): 159.576 жители
  • Арона (Тенерифе): 86.497 жители
  • Гранадила де Абона (Тенерифе): 55.505 жители
  • Адеје (Тенерифе): 50.523 жители
  • Ла Оротава (Тенерифе): 42.667 жители
  • Лос Реалехос (Тенерифе): 37.543 жители
  • Пуерто де ла Крус (Тенерифе): 31.396 жители
  • Лос Ланос де Аридан (Ла Палма): 20.375 жители
  • Санта Крус де Ла Палма (Ла Палма): 15.522 жители
  • Сан Себастијан де Ла Гомера (Ла Гомера): 9.584 жители
  • Валверде (Ел Хиеро): 5.149 жители

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads