Сарагоса (покраина)
покраина во Арагон, Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сарагоса (шпански: Provincia de Zaragoza) — покраина во северна Шпанија, сместена во средишниот дел на автономната заедница Арагон. Главен град на е Сарагоса, кој воедно е главен на целиот Арагон. Во покраината има уште неколку градови, иако сите тие се значително помали: Калатајуд, Ехеја де лос Кабаљерос и Тарасона, Ла Алмунија де Доња Година и Борха.


Со површина од 17.274 км2, Сарагоса го зазема четвртото место во земјата. Има вкупно 954.811 жители (2018), од кои речиси три четвртини живеат во главниот град; оттука густината на населеност е релативно ниска — 50,95 жит./км2. Опфаќа 292 општини, од кои повеќе од половината се села со помалку од 300 жители.
Главен и службен јазик во покраината е шпанскиот, а каталонскиот се говори Долен Арагон-Каспе и Мекиненса.
Remove ads
Географија
Покраината се граничи со Љеида, Тарагона, Теруел, Гвадалахара, Сорија, Ла Риоха, Навара и Уеска. Јужната и западната страна се протега Ибериските Планини, додека пак северните краеви допираат до подножјето на Пиринејското Подгорје (Претпиринеи). Најважна река е Ебро, која ја пресекува покраината во правец запад-исток.
Окрузи
Сарагоса како покраина е поделена на 24 окрузи (комарки):
Некои окрузи ѝ припаѓаат на покраината Уеска, но имаат извесни населени места во Сарагоса:
- Долна Синка: Мекиненса
- Монегрос: Ла Алмолда, Бухаралос, Фарлете, Лесињена, Монегриљо и Пердигера
- Оја де Уеска: Муриљо де Гаљего и Санта Еулалија де Гаљего
- Хасетанија: Артједа, Мијанос, Салватјера де Еска и Сигвес
Remove ads
Поврзано
- Список на општини во Сарагоса
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads