Сарџали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сарџали или Омурлу (грчки: Χρυσόπετρα, Хрисопетра, до 1930 Σαρίτζαλη, Сарицали)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 274 метри.
Сарџали опфаќа површина од 44 квадратни километри[3].
Историја
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војници а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1930 година, селото било преименувано во Хрисопетра.[4]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 103 жители-бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 195 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 207 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 194 жители, во 1971 година имало 199 жители, во 1981 година имало 213 жители, додека во 1991 година имало 188 жител. Денеска, населението на селото е 139 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со пченица. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads