Сашко Пандев
македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сашко Пандев (роден на 1 мај 1987 г.) — македонски поранешен фудбалер и поранешен младински репрезентативец.
Remove ads
Клупска кариера
Роден во Струмица, Пандев својата професионална кариера ја започнал во Беласица, од каде во септември 2005 година се преселил во Динамо Загреб. Својот прв настап за хрватскиот гигант тој го имал на 14 октомври 2006 година, кога влегол како доцна замена од клупата за резервни играчи во победата на Динамо Загреб над Вартекс од 4–1. На 9 декември 2006 година тој го постигнал својот прв гол во дресот на „сините“ во победата од 3–2 над Меѓимурје во натпревар од првата лига на Хрватска. Една недела претходно, во победата на Динамо Загреб над градскиот ривал Загреб, Пандев бил асистент на двата гола на својот клуб во победата од 2–1.
Remove ads
Приватен живот
Сашко е помлад брат на Горан Пандев. Во 2015 година, Сашко се оженил со Ивана Тодорова, ќерката на Орце Тодоров, сопственик на ФК Турново.[1]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads