Свети Ѓорѓи (Ениџевардарско)

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Свети Ѓорѓи (Ениџевардарско)map
Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос), на турски: Дорт Армутлар — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2]

Кратки факти Свети Ѓорѓи Άγιος Γεώργιος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, 2 км западно од Кадиново и 15 км од Пазар (Ениџе Вардар) во иста насока.

Историја

Во Отоманското Царство

Селото веројатно е основано од жители на Меглен кои се преселиле на југ бегајќи од исламизацијата на областа.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изгорена во 1877 г. од турска војска која престојувала во селото на пат за Одрин за време на Руско-турската војна.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Св. Георги (Дорт Армутлар) брои 160 жители Македонци.[4][5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дурт Армуд (Deurt-Armoud) имало 256 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[4][6] Во овој период селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија и почнале првите обиди за бугарска пропаганда.

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Св. Ѓорѓи (Дјорт Армутлар), 4/III, 34 ч. од Кадиино Село. Вкупно 20 македонски егзархиски куќи, чифлик. Од Патријаршијата се откажало во 1903 г., иако црквата останала отворена. Таа нема никакви имоти. Тука одат на црква и жителите од блиското село Гропино (12 куќи). Почвата е многу плодна, па иако е чифлик, селото не е толку пропаднато во економски поглед. Годинава за првпат се отвора училиште. Училиштето е земјанка, со таван, 2 прозорци без стакла, со големина 3×4×2½ метри.[4][7]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 18 македонски куќи.[2]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 100 жители, кои во 1920 г. пораснале на 125 лица.[2] Бидејќи немало поволни услови, во селото не се доселувани грчки колонисти, па затоа останало чисто македонско. Така, во 1928 г. 168 жители кои во 1940 г. се зголемиле на 240. Во следните десетлетија населението на Свети Ѓорѓи бележи умерен развој, иако во 2000-тите е забележан голем пад на населението (од 359 во 2000 на 232 во 2011 г.)

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е многу богато поради плодното земјиште и целосното наводнување. Се произведува овошје (праски и круши), жито, памук и др. Застапено е и краварството.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads