Свети Илија (Саракина)
поранешно село на планината Саракина во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија (грчки: Αϊ-Λιάς, Ај Лијас) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.[1]
Remove ads
Географија
Селото се nao]alo високо на планината Саракина, на западниот брег на денешната акумулација Лошничко Езеро на реката Јазовино, притокa на Лошничка Река.[1]
Историја
Во XVIII век Свети Илија било едно од неколкуте мали сточарски селца растурени по Саракина. Неговите жители страдале од турски разбојници и околу 1800 г. се преселиле во Лошница и Косинец[2], вселувајќи се во куќите на семејството на Ахмед-бег, убиено во април 1800 г. од капетанот Муцо (Муцогрекос). Бидејќи му припаѓале на родот Санација, нивното маало во Лошница го добило името Санацииско. Кога го напуштиле Свети Илија, тие со себе ја понеле иконата на Свети Илија од истоимената црква, и ја поставиле во иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лошница, каде стои и денес. Дури и по конечната преселба во Лошница, селаните продолжиле да ја обработуваат нивната земја во старото село и таму да ги пасат овците. Црквата „Св. Илија“ стоела сè до крајот на XIX век и таму се празнувал Илинден на 20 јули. На 9 мај се празнувал и денот на Свети Христофор во неговиот параклис над напуштеното село, сместен на истоимениот врв.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads