Косинец

село во Костурско, Егејскиот дел на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Косинецmap
Remove ads

Косинец (грчки: Ιεροπηγή, Јеропиги, до 1927 г.: Κοστενέτσι или Κωστενέτσι, Костенеци[2]) — село во Костурскиот округ, Егејска Македонија. Косинец се наоѓа на 860 метри надморска височина. На исток и североисток се граничи со селата Д’мбени, Габреш, Смрдеш и Брезница, на запад и југозапад со селото Лабаница и албанската граница, на југ и југоисток со селата Крчишта, Света Недела и Четирок.

Кратки факти Косинец Ιεροπηγή, Земја ...
Thumb
Косинец во 1928 г.
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа 25 км северно од градот Костур и 3 км од грчко-албанската граница. Се наоѓа на подножјето на планината Орлово.

Коснец се наоѓа на самиот пропланок на планината Малимади од јужната страна. Сместено е помеѓу пет ридови и тоа: Чуката на север, Свети Атанас од исток, Габро од југ, Рудишта на југ и Клишчевишта од запад. Низ селото поминува патот Солун-Костур-Албанија. Друг пат кој поминува низ селото е познатиот пат Вија Егнација.

Косинец е поделено на три маала и тоа: Тумба маала, Средна маала и Преку црква, но сепак заедно претставуваат една целина.

Remove ads

Историја

Според легендата селото Косинец е создадено со уништувањето на други пет помали населби, тоа биле: Колишта, Селско, Свети Јован, Свети Илија и Умени. Населението од наведените пет помали населби решиле да се населат во Косинец, со цел заеднички да се бранат од разбојничките банди, и денес селаните знаат од кое од наведените пет населби нивните предци се доселиле.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Косинец се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 200 куќи.[4]

За време на Илинденското востание на 4 и 27 август 1903 година селото било целосно изгорено од турската војска. 205 од 206 куќи изгореле, а 46 души биле убиени. На 13 мај 1908, 200 андарти на чело со капетанот Макрис го нападнале Косинец, но биле одбиени од селската полиција. До 1927 официјалното име на селото на грчки било Κοστενέτση или Κωστενέτση. На 20 јули 1945 година селото било опколено од грчка војска која го малтретирала населението, уапсила осум младинци и две жени. Повод за тоа било кинењето на повикот за мобилизација како и зборувањето на македонски јазик. Во 1949 селото било целосно разрушено и сето население избегало. Единствениот македонски објект кој останал целосен била црквата „Св. Петка“. Во 1957 година во него се населиле 70 семејства на Власи од областа Теспротија и денес тоа е најголемото влашко село во регионот.

Remove ads

Стопанство

Демографија

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Цркви

Редовни настани

Личности

Thumb
Четата на Мире Киров Пировски или Атанас Пировски од Косинец
Remove ads

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads