Саракина (планина во јужно Костурско)

планина во јужно Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Саракина (планина во јужно Костурско)map
Remove ads

Саракина[1] или Габер[2] (грчки: Σαρακήνα, Γάβρος) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.[3]

Кратки факти Саракина, Највисока точка ...
Remove ads

Опис

Планината е сместена во источниот дел на Костурско, над југоисточниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Се протега во правец север-југ, од селото Горенци на север до Богатско на југ.[3] На запад се граничи со долината на Ѓоле,[4] преку која е Рупишкото Поле на запад и планината Диминик на северозапад.[5] На североисток има седло кое по Голема (1.182 м) и Мала Саракина (1.240 м) и долината на Лошничка Река или Порос (притока на Бистрица) ја одделува од планината Мурик.[3]

Remove ads

Име

Планината како целина нема име во ниеден извор, туку се нарекува по некои од врвовите.[3] Георги Христов од Шкрапари целата планина ја нарекува Саракина по името врвот Саракина во нејзиниот источен дел.[6] Лев Адамов од Горенци ја нарекува Габер, по името на врвот на северозападниот крај, југозападно над Горенци.[2] На картата на австроунгарскиот генералштаб во планината се обележани врвовите Габер (Gaber) и Ежово (Ežovo). Никос Незис ја нарекува Корисос (Κορησός) по новото име на нејзиниот највисок врв, претходно наречен Ајдонакос (Αηδονάκος, 1383 м).[3]

Планината е гола и карпеста.[4] Карпите се доломитски варовници.[3] До врвот се стасува од Горенци (на 730 м) за околу 3 часа или од Чуриловскиот манастир (на 1.030 м) за околу 2 часа.[3]

Remove ads

Врвови

Ова се врвовите на Саракина, подредени по висина:[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads