Понтско-касписка Степа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Понтско-касписка Степа — степско подрачје кое се протега од северните брегови на Црното Море до северните предели околу Каспиското Море. Се простира од Добруџа во североисточниот агол на Бугарија и југоисточна Романија, преку Молдавија и јужна и источна Украина, преку рускиот Северен Кавказ, јужното и долното Поволжје до западен Казахстан, веднаш до Казашката Степа на исток. Казашката и Потнско-касписката Степа се дел од поголемата Евроазиска Степа. Спаѓа во Палеарктикот и биомот на умерени тревници, савани и шикари.


На овој простор во антиката се наоѓале државите Кимерија, Скитија и Сармаија. Со текот на милениумите на степите живееле номадски коњаници; многу од нив подоцна се преселиле во Европа, Западна и Јужна Азија.
Поимот понтско-каписки регион во биогеографијата го означува растителниот и животинскиот свет на овие степи, вклучувајќи ги животните од Црното, Каспиското и Азовското Море. Според генетските истражувања, оваа област најверојатно е првото место кајшто се припитомени коњите.[1]
Според општоптифатената курганска хипотеза, Понтско-каписката Степа е прататковината на народот кој го говорел праиндоевропскиот јазик — предците на денешните Европејци.[2][3][4][5]
Remove ads
Географија и екологија
Степата зафаќа површина од 994.000 км2 во Европа, протегајќи се од Добруџа во крајниот североисток на Бугарија и југоисточна Романија, преку јужна Молдавија, Украина, Русија, северозападен Казахстан до Уралските Планини. Се граничи со источноевропската лесостепа на север, преодно подрачје на мешани тревишта и умерени широколисни и мешани шуми.
На југ степата доаѓа до Црното Море, изземајќи ги Кримските Планини и западнокавкаската планинска граница со морето, каде кримскиот потсредоземен шумски комплекс го определува јужниот раб на степите. Степата се протега до западниот брег на Каспиското Море во Дагестан (Русија), но посувата прикасписката низинска пустина лежи помеѓу степата и северозападните и северни брегови на ова Каспиското Море. На исток е Казашката Степа.
На местото на степата во далечното минато се наоѓало Тургајското Море, продолжеток на внатрешното море Паратетис кое се простирало јужно и источно од Урал и опфаќало голем дел од денешната Западносибирска Низина во мезозоикот и кенозоикот.
Remove ads
Праисториски култури

- Линискокерамичка култура, 5500–4500 г. п.н.е.
- Кукутенско-триполска култура, 5300–2600 г. п.н.е.
- Хвалинска култура, 5000–3500 г. п.н.е.
- Средностоговска култура, 4500–3500 г. п.н.е.
- Мајкопска култура, 3700–3000 г. п.н.е.
- Јамна/Курганска култура, 3500–2300 г. п.н.е.
- Курско-арачка култура, 3000–2000 г. п.н.е.
- Катакомпска култура, 3000–2200 г. п.н.е.
- Срубна култура, 1600–1200 г. п.н.е.
- Кобанска култура, 1100–400 г. п.н.е.
- Новочеркаска култура, 900–650 г. п.н.е.
Remove ads
Историски народи и земји

- Индоевропејци, IV милениум п.н.е. – денес
- Кимеријци, XII–VII век п.н.е.
- Дакијци и Тракијци (Гети), XI век п.н.е. – III век н.е.
- Скити, VIII–IV век п.н.е.
- Сармати, V век п.н.е. – V век н.е.
- Остроготи, III–VI век
- Хуни и Авари, IV–VIII век
- Прабугари (Оногури), Бугари, IV–XXI век:[7]
- Велика Бугарија, VII век
- Прво Бугарско Царство, VII–XI век
- Второ Бугарско Царство, XII–XV век
- Карвунско Кнежевство
- Алани, V–XI век
- Авари, VI–VIII век
- Ѓоктурци, VI–VIII век
- Савири, VI–VIII век
- Хазари, VI–XI век
- Унгарски племиња (Унгарци), VII–IX век (веројатно порано)
- Рус, Киевски Рус, VIII–XIII век
- Печенези, VIII–IX век
- Кипчаци и Кумани, XI–XIII век
- Монголска Златна Орда, XIII–XV век
- Козаци, Калмици, Кримско Ханство, Волшки Татари, Ногајци и други туркиски држави и племиња, XV–XVIII век
- Руско Царство, XVI–XX век
- Планинска Република Северен Кавказ, XIX–XX век
- Советски Сојуз, XX век
Поврзано
- Лесостепа
- Евроазиска Степа
- Хаплогрупа R1a
- Хаплогрупа R1b
- Курганска хипотеза
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads