Фудбалска репрезентација на Сенегал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фудбалска репрезентација на Сенегал
Remove ads

Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.

Кратки факти Прекари(и), Сојуз ...

После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.

Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали.

Remove ads

Историја

Репрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА.

Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против Тунис и Етиопија; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1.

За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против Мароко, Египет, Алжир и Намибија. Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф.

На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на Франција, Данска и Уругвај. После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција.

Remove ads

Настапи на турнирите

Настапи на Светските првенства

Повеќе информации Светско првенство, Квалификации за Светско првенство ...

Настапи на Африкански куп на нации

Повеќе информации Африкански куп на нации, Година ...
Remove ads

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Поз. ...

Статистика на играчите

  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 18 февруари 2022.

Повеќе информации #, Име ...

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 18 февруари 2022.

Повеќе информации #, Име ...
Remove ads

Селектори

Селектори низ историјата

Thumb
Бруно Метсу, селектор на Сенегал од 2000 до 2002, ја водел репрезентацијата до четвртфиналето на Светското првенство 2002.
Повеќе информации Период, Селектор ...
Thumb
Алиу Сисе, моментален селектор на репрезентацијата од 2015 година.

Моментален тренерски штаб

Повеќе информации Позиција, Име ...
Remove ads

Титули

Камерун 2021

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads