Свеќарски занает

From Wikipedia, the free encyclopedia

Свеќарски занает
Remove ads

Свеќарски занает — изработка на свеќи од восок и парафин, како и други восочни фигури.

Thumb
Свеќарски дуќан во Старата скопска чаршија

Историјат

Свеќарскиот занает почнал поинтензивно да се развива во Македонија по изградба на црквата Св. Благовештение во 1838 г.[1] Меѓу најстарите мајстори свеќари се неколкумина по потекло од Дебар. Во периодот од 1913 до 1956 година бројот на дуќани варирал, и во градовите имало од 10 до 13 мајстори, во Скопје, Прилеп, Кичево, Крушево, Велес, Штип, Дебар и др. За време на војната биле изработувани лоени свеќи кои биле употребувани за осветлување. Покрај свеќи се изработувале и разни видови на украсни восочни фигури.

Remove ads

Материјали, алати и начин на изработка

Thumb
Ентериер во свеќарски дуќан во Старата скопска чаршија

Како основен материјал за израбортка на свеќите бил парафинот, покрај памучниот конец. Парафинот најчесто се носел од Риека или од Бугарија. Од материјали се користел восок, но тој бил многу скап и крајната цена би била повисока. При изработка на така наречени „брцани свеќи“ се користи казан во кој се спуштаат памучните конци прицврстени за една штица и се натопуваат (се брцаат) во казанот додека да се добие потребната дебелина на свеќата, а потоа се сечат според саканата форма со топол нож.

Вториот вид ан свеќи се изработуваат на потежок начин. На една основа која е со два барабана и е со конусна форма со дупки, се ставаат памучни конци и се врти додека да се добие саканата дебелина и форма на свеќите. Самиот процес на топење на парафинот и восокот се врши во специјални казани кои се загреваат со дрва.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads