Св. Илија (Челопеци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Илија — археолошко наоѓалиште во кичевското село Челопеци. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа северно, на ридот што благо се издига над селото, каде се наоѓа црквата Св. Илија изградена во 1861 година, а обновена во 1910 година. Црквата била подигната врз темелите на постар сакрален објект и некропола. Во нејзините ѕидови се вградени сполии од камена пластика. Така, еден коринтски капител, изработен од ситнозрнест мермер, свртен наопаку, служи како база на дрвен столб врз кој се потпира балконот во западниот дел на црквата; на јужниот влез се вградени две плочи од кои едната служи за праг, а другата за довратник. На плочата довратник е зачуван дел од старогрчки натпис во 6 реда. Над влезот има ниша со вградени камени греди, од кои на една исто така има зачуван дел од старогрчки натпис. И на крајот, во олтарниот ѕид е вградена надгробна плоча со двојно профилирана рамка. Од присуството на овие плочи со натписи вградени во црквата би можело да се претпостави дека во непосредната близина, или на нејзината локација, се наоѓале постар објект и некропола од римското старохристијанско време.[1]
Remove ads
Поврзано
- Грамада — вила рустика од доцноантичко време;
- Ограѓе — некропола од доцноантичко време;
- Челопеци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads